Дескоска: Законот за ЈО не предвидува апсолутен трансфер на обвинителите на СЈО

by fokus

Апсолутно не е точно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека во новиот предлог закон е предвидено „вдомување“ на обвинителите од поранешното Специјално јавно обвинителство во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, вели министерката за правда Рената Дескоска. Таа објаснува дека членот од законот кој предвидува зголемување на бројот на обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал не значи апсолутен трансфер на обвинителите од СЈО.

-Законот предвидува практично проширување на бројот на обвинители во Обвинителството за организиран криминал за кој што број потоа ќе се распише конкурс и потоа секој обвинител што исполнува услови ќе може да конкурира. Не значи тоа апсолутен трансфер на обвинителите на СЈО. Целта на овој предлог е да се создаде капацитет на Обвинителство за организиран криминал кое што ќе ги има сите предуслови вклучувајќи ги и човечките капацитети, да ги преземе зголемените надлежности кои ги има според овој Закон, објансува Дескоска.

Сега се чекаат на писмено забалешките на законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а Дескоска очекува дека амандманите би се движеле околу предметите на Јавното обвинителство и основите за разрешување

-Шансите да се донесе предлог законот  се до распуштање на Собранието, тоа значи дека договорот треба да се постигне што побрзо, до 11 февруари да се донесе законот. Мислам дека шансите зависат од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ да ги стави интересит за евроинтеграции пред интересите на на нивни партиски членови за кои се водат постапки од страна на сега редовното обвинителество, а почнати во СЈО, вели Дескоска.

Министерката вели дека треба поддршка од сите пратеници кои се декларираат дека се за евроинтеграции, но не исклучува да се преговара и со другите партии за да се обезбеди двотретинско мнозинство за законот кој не е е услов но е плус за земјава за почеток на преговорите со Европската унија.

Поврзани новости