Денеска и утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го бира Груевски за партиски лидер

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре во Куманово ќе го одржи петнаесетиот партиски конгрес на кој единствен кандидат за претесдател на партијата ќе биде премиерот Никола Груевски.

Ова за Груевски ќе биде четврти пат по ред како ќе биде избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа првпат се случи во 2003 година во Охрид. Дотогаш, претседател на партијата беше Љубчо Георгиевски.

На денешниот конгресен ќе присуствуваат 560 делегати, а меѓу потписниците на кандидатурата на актуелниот партиски лидер се и Љубиша Геогриевски, Борис Змејковски, Мане Јаковлевски, Дијана Трнталова, Јохан Тарчуловски, Сашко Кедев, Бранислав Саркањац, академик Живко Попов, Виолета Ачковска, Ганка Самолива и Марјан Ѓорчев.

Со гласањето кое ќе се одржи утре, Груевски ќе добие шанса да го води ВМРО-ДПМНЕ цели 16 години.

Поврзани новости