Активистите и љубителите на животни денеска во 13 часот ќе протестираат пред Собранието на РМ со цел да се привлече вниманието на надлежните институции и широката јавност за нехуманиот третман кон животните. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
Години наназад Македонија сериозно затајува на полето на хуманоста врз животните и крајно е време тоа да се смени:
1) Деновиве додека силеџии сеат страв, убиваат животни со отрови, се однесуваат како да никој не им може ништо, институциите ги игнорираат барањата за хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој еден кој предизвикува јавна опасност, мачи и труе животни! Повеќе од итно е да се воспостави ЗАКОНСКА ЗАБРАНА ЗА СЛОБОДНАТА ПРОДАЖБА НА ОТРОВИТЕ, виско токсични супстанци кои за 10 минути може да убијат и човек, а кои во Македонија му се достапни на секого. Изговори повеќе не смее да има – полицијата мора да врши сериозни истраги и стави крај на дивеењето по улиците, сторителите мора да бидат фатени и ЗА СЕКОЈ КОЈ ЗЛОУПОТРЕБУВА ОТРОВИ бараме без исклучок ДА СЕ ИЗРЕКУВА КАЗНА ЗАТВОР.
Почитувани, нашата цел е заеднички да воспоставиме нови облици на однесување и инсистираме на хуманост (наместо на силеџиство), нешто што ќе не дефинира како нација и конечно го обели образот на македонскиот граѓанин во Европа и светот, каде сме препознаени како држава во која насилството поминува молкум и толерира.
Изговори повеќе не смее да има – ги повикуваме и очекуваме сите во недела.