Одрон на патот Дебар-Струга, сообраќајот по една лента кај Џепиште

by Fokus

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Струга во близина на село Џепиште поради одрон се одвива по една коловозна лента во должина од 20 метри, соопшти АМСМ.

На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Поврзани новости