Во хеликоптерска несреќа загинаа шест лица, меѓу кои и сестрата на претседателот на Хондурас

by Fokus

Шест лица загинаа меѓу кои и сестрата на претседателот на Хондурас, Хилда Хернандез како и членови на владата во во хеликоптерска несреќа, соопшти армијата на Хондурас.

Таа беше советник на претседателот на Хондурас и министерка за комуникации, а во претходната влада беше министерка за општествен развој.

Претседателот Хуан Орландо Хернандез на претседателските избори одржани на 26 ноември освои 43 отсто од гласовите, но сепак Врховниот суд на Хондурас се уште не прогласил победник на претседателските избори.

Поврзани новости