Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска треба да ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 17-ти октомври.
Иако кампањата почнува 3 недели пред денот на изборите, партиите веќе се активни на терен и најавуваат изборни коалиции, а некои од нив излегоа и со свои кандидати.
Веќе е дефинитивно дека СДСМ ќе коалицира со ДУИ, БЕСА и ДПА, кои најавија дека меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадат уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржат во вториот круг.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, најави дека ќе излезе со комплетно нови кандидати за локалните избори, кои, како што нагласија, се многу поразлични и, според нив, ќе бидат победници.
Во меѓувреме, останува неизвесно дали изборниот процес ќе биде по нови правила за изборниот праг на независните кандидати.