Посвежо време со повремен дожд

by fokus

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и посвежо, a во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Како што информираат од Управата за хидрометеролошки работи, се очекува да дува слаб северозападен ветер кој ќе се засилува долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Поврзани новости