Делови од руски проектил паднаа во Молдавија, Украина бара уште оружје од сојузниците

by Fokus

Молдавската полиција пронашла делови од проектил кој паднал во регионот на северот на земјата, недалеку од границата со Украина, објави државниот портал „Прима сурса“, повикувајќи се на извори од полицијата
Молдавските власти засега јавно не го коментираа овој инцидент, кој се случи откако Русија изврши нов бран ракетни напади врз Украина.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Очег Николеноко, коментирајќи го инцидентот во Молдавија, изјави дека на Киев му се потребни дополнителни системи за противвоздушна одбрана од своите сојузници.

Русија засега не ги коментиора овие извештаи.

Во средината на ноември, делови од украинскиот систем за противвоздушна одбрана ракета С-300 паднаа во полско погранично село. Иако Украина ја обвини Русија за овој инцидент, истрагата покажа дека украински а не руски ракети завршиле на полска територија.

 

 

Поврзани новости