МВР: Уште тројца ги сликале гласачките ливчиња, а двајца ги искинале

by Fokus

Од МВР излегоа со дополнителни информации за регистрирани настани на гласачките места. Според соопштението, во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Штип го приведоа Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Претходно, од 11 до 14 часот, за време на изборниот процес, пријавени се пет лица кои ги фотографирале гласачките ливчиња, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавен е С.А. во село Коцалија, Радовиш на избирачко место 1.602. Околу 12 часот, 40-годишниот А.С. на избирачко место 2.683/1 бил затекнат како го фотографира гласачкото ливче.

-Околу 12 часот е пријавено дека и А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1.271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 12:35 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Околу 14 часот е пријавено дека на избирачко место 2.555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.

Поврзани новости