Првите неофицијални податоци ќе ги објавиме околу полноќ, рече Даштевски

by Fokus

Државната изборна комисија (ДИК) првичните неофицијални резултати од првиот круг на претседателските избори ќе ги објави околу полноќ.

„Во 19:30 часот имаме уште една прес-конференција на која ќе биде соопштена вкупната излезеност на првиот круг на претседателските избори. Со оглед дека податоците ги добиваме од Општински изборни комисии со помош на ИТ лица се надеваме дека пред полноќ ќе ги имаме резултатите во над 50 проценти и ќе може да ги објавиме, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Поврзани новости