Кенеди центарот ги додели овогодишните награди за исклучителен придонес во американската култура 

by Fokus

Почесни лауреати на 45-то доделување на наградите на Кенеди центарот во Вашингтон се соул пејачката Глејдис Најт, музичарката Ејми Грант, актерот Џорџ Клуни, композиторката Тања Леон и музичката група Ју ту (U2). 

На свеченоста во Кенеди центарот тие беа претставени како врвни уметници кои дале значаен придонес во американската култура. 

На настанот учествуваа и Џулија Робертс, Мат Дејмон, Еди Ведер, Дон Чидел и други артисти кои искажаа пофални зборови за лауреатите. Актерот Саша Барон Коен настапи во улогата на својот лик Борат со саркастични критики за антисемитизмот на раперот Канје Вест и за поранешниот претседател Доналд Трамп. 

На гала свеченоста беа и претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис со сопругот Даглас Емхоф. Претседателката на Долниот дом на Американскиот конгрес Ненси Пелоси и нејзиниот сопруг, кој беше нападнат минатиот месец, примија стоечки овации. 

Почесните добитници добија медаљи на вечерата која се одржа во Стејт департментот. 

Поврзани новости