508
Делегацијата на Министерството за внатрешни работи предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски која престојува во Ватикан, беше примена од неговата светост папата Франциск, а оствари средба и со Доменико Џиани, раководител на Дирекцијата за безбедност и цивилна заштита.
Како што соопшти МВР, посетата на Делегацијата на МВР од 16 до 18 април е на покана на Жандармскиот корпус на Ватикан, во склоп на подготовките на посетата на Светиот Отец, папата Франциск на Република Северна Македонија.