Силјановска: Како што низ вековите имало Македонци во Егејска Македонија, така има и денес

by fokus

Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска на вечерашниот митинг во Делчево зборуваше за Македонците во Грција.

-Како што имало низ векови Македонци во Северна Грција, во Егејска Македонија има и денеска и месечината ги води секаде каде што се тие и во Пиринска и во Вардарска и во Егејска, значи како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кога го прашува премиерот на кој јазик говорат оние кои не се Грци во Северна Грција, а се Македонци, тој се срами или се плаши да го каже тоа, иако сите знаеме дека го зборуваме истиот јазик. Се работи за нивната татковина и кога е во прашање употребата на македонскиот јазик тогаш не е во прашање никакво мешање во внатрешните работи на Грција, затоа што постои рамковна конценција за заштита на правата на малцинствата и постои конценција за регионални и малцински јазици и таа важи за сите малцинства па и за македонското, рече Силјановска Давкова.

Поврзани новости