Делчевчанец ја понижувал, па ја претепал својата невенчана сопруга

by Fokus

Делчевчанец ја претепал својата невенчана сопруга, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вчера околу 03.00 часот во сопствената куќа во населба „Звегорска река“ во Делчево Љ.М.(47), вербално ја омаловажувал и навредувал неговата невенчана сопруга Д.И. (37), по што и физички ја нападнал,  нанесувајќи и повреди по телото.

На жената и била укажана лекарска помош во Итна медицинска помош Делчево, а Љ.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Делчево.

Поврзани новости