(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Христијан МИЦКОСКИ оставен во мрак
Видовте ли власта на што сѐ е спремна само за да не се чуе за успесите наши,
во сред мој говор остана цел град без струја, а и од Гоцета Владата се плаши!
Ни одбија декларација за Делчев, но пред народ со 1096 проекти се фалиме,
за 100 дена труд на нашите градоначалници, ко трафоа на нив ние се палиме!

 

Горан МИЛЕВСКИ контролор на летање
Мило ми е што со авионска линија ги поврзавме Скопје и Софија, беше време,
само штета е што летот трае едвај 35 минути, не можи чоек да земе да дреме!
Кога сме веќе кај небесните работи, го чув и Агатангел, он па колку чини штета,
на закројување на лози држеше политички говор, како па тој од МПЦ да лета?

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ одржувач на лекции
Да ја прескокнеме историјата, поради која Бугарија во чекалната на ЕУ нѐ става,
а да ја рипнеме и географијата, од утехата „дел сте на Европа“ ни е преку глава!
Математиката пак вели дека бројките на анкетите за поддршката на ЕУ опаѓаат,
затоа под итно примајте нѐ, или антиевропски политичари на власта ќе доаѓаат!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Димитар Апасиев, Максим Димитриевски и Никола Груевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости