Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отпочнаа 1096 проекти за 100 дена

by Fokus

Овие 100 дена се сублимат на многу мали, но еднакво вредни победи за сите нас. Но и големи проекти за кои треба волја, но и знаење. А вие самите знаете дека никогаш не ветувавме чуда, но се чувствува дека носиме промени што ја менуваат сегашноста, промени што носат иднина и промени за кои заедно се бориме, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски давајќи отчет за сработеното на градоначалниците.

Мицкоски побара одговорност од власта зошто токму во моментите кога, даваше отчет за сработеното на градоначалниците коснема струја во објектот на Македонската филхармонија.

-Кога политичките конкуренти напаѓаа, ние работевме, кога тие критикуваа ние решававме проблеми. Кога тие ја плашеа јавноста, ние создававме. И затоа се гласни кога треба да молчат. Ние ПОКАЖАВМЕ ДЕКА УМЕЕМЕ, И МОЖЕМЕ. И тука има нешто што тие го немаат. Нови луѓе, со нова енергија и план кој го содржи клучот-РАБОТА, РАБОТА И МНОГУ РАБОТА. И да бидеме малку математички прецизни.Во изминатите сто дена започнавме повеќе 1000 проекти. Или точната бројка е 1 090 проекти за сто дена. Започнати се со реализација 166 капитални објекти низ целата територија на Македонија онаму каде што градоначалници се избрани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кажа Мицкоски.

Поврзани новости