Зошто снема струја за време на говорот на Мицкоски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите 100 дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, Мицкоски продолжил со отчетот и во услови на немање на струја.

„Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја? Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија“, велат во соопштението.

Попладнево речиси половина Скопје остана без електрична енергија.

Поврзани новости