(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Данела АРСОВСКА (не)блокирана градоначалничка
Претходниците Шилегов и Коце ништо освен долгови и не ми оставија,
па сметките неплатени од нивното време мала блокада ми направија!
Но, има даноци и никој подобро од мене не ја полни градската касица,
ќе имам и за плати и за автобуси, па не се палете ко мостон „Беласица“!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ човек од кого се бара
Бараат од мене коалиционите партнери Маја од ДОМ и Стојанче сешто,
да им дадам една изборна единица и бранителите да добијат по нешто.
Оној европеецот Гир без потреба европско знаме да не сум ставал сака,
сите нешто бараат од мене, но знам: прст да дадам, ќе земат цела рака!

 

Фатмир БЕСИМИ експерт за пари
Јас сум за честитање оти добив 125.960 денари плата, за пари сум магнет,
но платите на работниците не треба да се креваат, па криза е во цел свет!
Но, кој сака да заработи нека купи граѓански обврзници, нов инструмент,
со нив ќе го наполниме буџетот, супер идеја, за финансиите имам талент!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Љупчо Николовски, Славјанка Петровска и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

Поврзани новости