Девојка од Ниш касната од змија е во стабилна состојба

by Fokus

Деветнаесет годишна девојка која денеска беше касната од змија во Ниш е свесна и нејзиниот живот не е во опасност,  пишуваат српските медиуми.

Според Универзитетскиот клинички центар во Ниш, таа е задржана на Клиниката за инфективни болести на опсервација и следење.

„Пациентката  која е примена во УКЦ Ниш поради каснување од змија е хоспитализиран на Инфективната клиника. И на приемот и сега е свесна, комуникативна и хемодинамички стабилна, животот не и е во опасност. Веднаш по дијагнозата и е применета сета потребна терапија, а таа ќе остане на Клиниката за понатамошно набљудување и следење на нејзината здравствена состојба“, соопштија од Универзитетскиот медицински центар Ниш.

Девојчето денеска било со родителите во Сиќевачката Клисура кога забележала змија покрај нејзината нога. Според неофицијални информации, таа се обидела да ја помести со раката кога змијата ја каснала за прст. Родителите го донеле девојчето во свесна состојба во итната помош во Ниш, од каде било пренесено на Инфективната клиника бидејќи ѝ била отечена раката, што може да биде знак дека е касната од отровна змија.

 

Поврзани новости