Арсовска: Најверојатно човечки фактор е причинител на пожарот на мостот „Беласица“

by fokus

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во денешното гостување на ТВ 21 рече дека мостот од Железничка кон Ист Гејт кој го носи името „Беласица“ не треба да биде пуштен во сообраќај додека не биде целосно безбеден.

-Прелиминарно, она што го имаме како информација е дека се работи за фактор човек. Имаме дел несовесни граѓани кои за жал не размислуваат кои се штетите што може да настанат, не само по јавното добро туку и по животот на нашите сограѓани. Тоа е нешто за кое апелиравме и се надеваме дека МВР и Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе ги преземат соодветните мерки како би можеле да бидат елиминирани сите овие последици и она од кое стравуваме, да се најдат сторителите и да бидат санкционирани, рече Арсовска.

Што се однесува до она кое Градот може да го направи, таа додаде дека најпрвин треба да ги почекаат анализите кои ќе произлезат, да ги видат извештаите кои ЦУК и МВР ќе ги достават до градот и да почннат со постапување.

-Пред да бидеме сигурни дали е или не е нарушена статиката, да се испита дали е безбедно за премин не можеме да дадеме поконкретни информации, рече таа.

Поврзани новости