Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Славјанка ПЕТРОВСКА инвеститор во иднината
Бев на Филозофски факултет и објаснив дека Преспанскиот е инвестиција,
за да нѐ прифати НАТО моравме да ја платиме цената, тоа е по традиција!
Џабе нема ни код бабе, а нели и Европа е „старата дама“, па и таа си сака,
да платиме цена (Бугари во уставот да ставиме) па добиваме клуч на рака!
Фатмир БЕСИМИ борец на три фронта
Моментално се води финансиска војна, ние на три фронта напредуваме,
прво, ги штитиме ранливите категории, и затоа и цените ги замрзнуваме!
Второ, против инфлација е послабо, оти функционерските плати скокнаа,
и трето, раст ќе има, ќе градиме иако некои фирми (како „Бетон“) рокнаа!
Христијан МИЦКОСКИ загрижен за цената
Ние градевме, главниот град доби нов лик, но дојдоа некои нови клинци
кои шајка уште немаат заковано, но брзо се покондурија нивните опинци!
За автопатите ќе ојдат не 1,3 туку 2-3 милијарди евра, а и веќе ги плаќаме,
па 117 милиони евра веќе уплативме, допрва што потпишале ќе сфаќаме!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Павле Трајанов е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.