Гигантот Бетон оди во стечај поради неисплатени плати

by Fokus

На денешното рочиште, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај на Бетон АД Скопје поради неисплатените повеќе од осум плати како и два регреса за годишен одмор (К-15), соопшти нивниот синдикат.

„Работниците храбро ја водеа борбата заедно со Синдикатот СГИП која го даде резултатот што го бараа, а со тоа се покажа дека работодавачите се моќни онолку колку што ќе им дозволат работниците“, велат од синдикатот.

По објавувањето на Решението од Судот, од синдикатот СГИП најавија дека ќе обезбедат бесплатна правна помош за постапките за материјално обезбедување на работниците од страна на АВРМ како и за пријавување на стечајните побарувања за плати и придонеси како и други побарувања од работен однос, а за што синдикатот ќе информира на 2 Мај.

„Ги повикуваме овие работници да се приклучат на првомајскиот протест за да ги охрабрат и другите работници во борбата за нивните работнички права!

Овој случај да служи на сите работодавачи како потсетник дека нема да дозволиме никој да си игра со судбините на работниците!“, се додава во соопштението.

Поврзани новости