Мицкоски го повика Ковачевски: Ајде јавно да се соочиме за пљачката за коридорите

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика премиерот, Димитар Ковачевски на телевизиски дуел за договорот со „Бехтел и Енка“, односно за изградбата на коридорите 8 и 10д.

– И еве имам една јавна понуда до Димитар Ковачевски, самите велат дека се транспаренти, а бидејќи јавноста заслужува одговори, заслужува да знае како се трошат милијардите на народот, ајде да излеземе на дуел, бегаш од избори, бегаш од соочувања на различни теми, ајде да излеземе на дуел, јас и ти очи во очи и на тој медиум кој тој ќе го одбере, јавно да се соочиме само за овој договор.

Еве нема да зборуваме за дебаклите во другите области. Само да зборуваме за договорот со кој на народот му се одземаат милијарди евра, да дебатираме за историскиот договор или да бидам попрецизен за историска пљачка, рече Мицкоски на денешната трибина во Битола.

Мицкоски додаде дека ако Ковачевски одбие јасно е дека бега, како и впрочем и досега како што бега овие година и неколку месеци откако е поставен за премиер, и тоа би било кукавички начин, без одговори ниту кон своите политички соперници, ниту пак кон јавноста.

Поврзани новости