(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus 17:06
17:06

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ ем штедлив ем дарежлив
Јас сум скромен човек, дури на шампон штедам (оти коса нели немам)
ама за народот и во буџет бркам и субвенции за минимална спремам!
Радувајте се работници на 18 илјади минимална плата, фала не барам,
а не сакам ни премиерска вила, од функцијата на друг начин ќе ќарам!

 

Никола ДИМИТРОВ рок-ѕвезда во залез
Стево рече дека Кирил Петков му звучел како Нелсон Мандела, ма ајде,
на митинзите на СДСМ ме носеа како рок-ѕвезда, па еве што ме снајде!
Сакам да кажам дека пофалбите од политичарите ви се најевтина роба,
не вредат ни 40.000 долари за стипендија… ех, каде е тоа златно доба!?

 

Зоран ЗАЕВ поздравувач на договор
Здраво, наминав само да го поздравам договорот за минимална плата,
со 18-те илјади (при краставици од 250 денари) ќе имате сал за салата!
Инаку, како сте, без мене како терате, но не сонувајте јас да се вратам,
па имам поважни работи, еве за Свети Трифун лозниците ќе ги кратам!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Бојан Маричиќ, Христијан Мицкоски, Данела Арсовска и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости