(ВИДЕО) Пандев даде гол за Парма, па се повреди

by Fokus

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, го постигна својот прв гол како играч на Парма. Пандев попладнево во дуелот со Порденоне од 22. коло во Серија Б, во игра влезе на почетокот од второто полувреме и по само десет минути поминати на теренот постигна гол за во тој момент изедначување на резултатот на 1:1.

Сепак, Македонецот не го дочека крајот на мечот. Тој поради повреда во 71.минута мораше да го напушти теренот.

Парма забележа победа со 4:1 и си ги зголеми шансите за освојување на најмалку 8.место кое носи учество во плејофот за пласман во Серија А.

Во моментов Парма е на 11. место со 28 бода, четири помалку од зоната која носи разигрување

Поврзани новости