(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ човек со планови
Поштата има загуби од три милиони евра годишно, ама немајте страв,
јас сакам да ја приватизирам, а со парите да купам за студентите грав!
Да, во 2023-та ќе направиме толку јак пресврт, што има да ни се сврти,
ќе станеме зелен европски центар, море цел свет околу нас ќе се врти!

 

Никола ТУПАНЧЕСКИ министер за правда(ње)
Имаше куп скандали во мојот сектор, на пример оној за синот на Талат,
но тоа не нешто страшно, евиденцијата е во хаос, па документи фалат!
Рашко тужи обвинители, а можно е ко Мијалков за „Трезор“ да пројде,
Црвенковска во Судски совет даде оставка, неа па не знам што ѝ дојде?

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ професор пред испит
Пред да станам претседател, предавав на факултет, кај што испити има,
и ова ќе ви кажам: ако не полагаме историја, ЕУ има лесно ќе нѐ прима!
Истото му го кажав и на Штајнмаер, кој во посета на државава ни стигна,
вика патот бил тежок до ЕУ, не бе лепи, патот е топ, Софија рампа дигна!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Данела Арсовска, Димитар Апасиев и Васко Ковачевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости