Жиру и Мбапе ја одведоа Франција во четвртфинале на СП

by Fokus

Репрезентацијата на Франција е третиот учесник во четвртфиналната фаза на Светското фудбалско првенство 2022. „Триколорите“ попладнево во Доха во осминафиналето ја победија Полска со 3:1.

Стрелци на головите за Франција беа Оливие Жиру во 44. минута и Килијан Мбапе во 75. минута и 90+1 минута. Роберт Левандовски во 90+9. минута ги постави конечните 3:1.

Од 20 часот вечер во Ал Хор во осминафиналето ќе се соочат Англија и Сенегал. Победникот од овој дуел ќе биде противник на Франција во четвртфиналниот натпреварот закажан за 10 декември.

Французите ја бранат шампионската титула освоена пред четири години на СП во Русија.

Поврзани новости