(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Данела АРСОВСКА припадничка на клан
Крвна одмазда е кога може да страда и кривецот, ама и фамилијата цела,
а политичка одмазда е кога ќе настрада директорот од партијата на Села,
кој е крив што е само брат на оној кој во Мицко нишанеше со зли намери,
за кој ќе кажевме дека бил на ДУИ кадар, да не го снимеа цел куп камери!

 

Стевчо ЈАКИМОВСКИ маалски стратег
Е не знам зошто ние мораме да бидеме секогаш фини и со добри манири,
од тоа само страдаме, ај да смислиме финта баш сега кога НАТО се шири!
Зошто да не ги блокираме Шведска и Финска при влезот им во Алијансата,
па тие да притиснат на Бугарија да не нѐ блокира за ЕУ, тука ни е шансата!

 

Христијан МИЦКОСКИ човек на мета
Од една страна, тоа што некој извадил пиштол кон мене е страшна случка,
и затоа Села ја раскина коалицијата со нас, политиката знае да биде кучка,
ама тоа значи дека сега имаме слободно место за ДУИ, па Али нека сврати,
од чкрапала не се плашам, меракот ми е голем ВМРО на власт да се врати!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и Оливер Спасовски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

Поврзани новости