Таравари: Инцидентите на протестите ги испровоцираа навивачки групи организирани од Артан Груби

by Fokus

Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ тврди дека иицидентите, кои се случија на еден од протестите, кога нивни сопартиец извади  пиштол и пукаше кон масата демонстранти биле испровоцирани од навивачките групи на Шкупи, со кои управувал Артан Груби од коалициониот партнер на власта, ДУИ.

ФОКУС: На еден од протестите против францускиот предлог, вие како партија бевте во центарот на вниманието. Што се случи вечерта кога ваш сопартиец пукаше со пиштол кон масата демонстранти?

ТАРАВАРИ: Значи, ние воопшто не сме активни на протестите. Дури и не сме за протестите. Кој сака може да си протестира, кој не сака, не мора. Само во неколку наврати кажавме дека сме против говор на омраза. Инаку, на една од петте вечери што се протестираше се случи тој немил настан пред Мавровка.

ФОКУС: Што, всушност, се случи?

ТАРАВАРИ: Последните информации ми кажуваат дека тука директно се вклучени ДУИ и СДСМ. Јас лично до пред некој ден ги немав видено снимките, но откако убаво ги прегледав, видов дека над мостот одредени активисти, и тоа блиски до ДУИ и Артан Груби, фрлаа со камења.

ФОКУС: Тоа се навивачки групи?

ТАРАВАРИ: Да, навивачките групи на Шкупи. Тие практично ја испровоцираа целата ситуација.

ФОКУС: Сакате да кажете дека сето тоа е инсценирано?

ТАРАВАРИ: Дефинитивно. Иако, постои и еден друг дел од приказната. Една вечер пред тоа, поточно на 5 јули вечерта е демолиран хотелот на човекот што пукаше со пиштол, кој јас воопшто не го оправдувам. Значи, нема оправдување за користење оружје во вакви ситуации. Меѓутоа, на снимките се гледа дека и полицијата е тотално пасивна, така што целта беше да се создаде тоа што Бујар Османи го најавуваше пред пет, шест дена. Добро е што заврши без некакви последици.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Разговараше Ирена МУЛАЧКА

Поврзани новости