Јакимовски: Да им ставиме вето на Шведска и Финска за во НАТО, зошто само ние вето да кркаме!

by fokus

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, вели дека има решение за замката во која се наоѓа Македонија, со францускиот предлог. Тој кажа што тој би направил доколку ја има власта во свои раце.

-Решение за оваа работа има. Не сме само ние осудени на светот вето да кркаме. Вето ќе си добие и Шведска и Финска за влезот во НАТО и ќе им кажеме, јасно, ветото не сме го ставиле ние, туку ветото го стави Бугарија. Ај ве молам решете си го проблемот со Буагрија за нашето членство во ЕУ, а ние ќе го тргнеме ветото. Не размислувам ни три секунди. Не Мишел и Бајден ќе дојде овде да моли. Ќе видите како оваа држава ќе му каже на светот дека не може да си игра со нас, истакна Јакимовски во своето гостување во „Само вистина“ на Канал 5.

Поврзани новости