Мицкоски: Подготвен сум да го завршам свој живот, дали вие сте спремни да го повлечете чкрапалото?

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Прва.рс говореше за политичките случувања во Македонија и инцидентот од пред неколку дена, во кој тврдеше дека човек со пиштол сакал да го убие при протестите против францускиот предлог.

„Заканите траат веќе 4 години, но тоа кулминираше пред година дена. Јас сум единствен човек во Македонија, кој има најмногу рејтинг и кој ја води најголемата политичка партија, а на кој државата не му дозволува обезбедување. И сето тоа е намерно, за да може да се случи, тоа што требаше да се случи пред некој ден. Но не исклучувам можност, бидејќи последните два дена повторно имам закани по мене и моето семејство. Но, јас им реков јас сум спремен да го завршам свој живот, дали вие сте спремни да го повлечете чкрапалото?“, вели Мицкоски.

 

Поврзани новости