Дедо Мраз заразил 118 лица при посета на дом за стари во Белгија

by fokus

Дедо Мраз, кој посетил дом за стари лица во Белгија со корона вирус заразил 118 лица. Според локалните медиуми, син на корисник на дом за стари лица во градот Антверпен, во костум на Дедо Мраз, го посетил домот за да ги развесели корисниците.

Меѓутоа, кратко по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со него, почнале да покажуваат симптоми на инфекција.

Неколку дена по посетата на Дедо Мраз, вирусот е потврден кај 98 корисници на домот за стари лица и 20 вработени. Фотографиите направени за време на посетата покажуваат дека голем број луѓе не носеле заштитни маски.

Поврзани новости