Давидовиќ: Судот три месеци изготвуваше пресуда за 27-ми април, а ние само 15 дена за жалба

by Fokus

Пресудата за извршителите на нападите на крвавиот 27 – ми април, која е напишана на 1.055 страни, судијката Добрила Кацарска ја достави до обвинетите и адвокатите.

Сега одбраната има рок од 15 дена да напише жалба на досудените 211 години затвор за 16 обвинети за крвавиот 27 – ми април. Иако Кривичниот суд пресудата на писмено требаше да ја достави за 60 дена, го проби рокот поради големината на предметот и бројот на обвинети.

-На судот му беа потребни 3 месеци да изготви пресуда од 1055 страни, а ние имаме само 15 дена да ја прочитаме пресудата и да напишеме жалби до Апелациониот суд Скопје. Одбраната е во многу неповолна положба со оглед на кусиот рок, а ќе бараме и јавни седници за да ги образложиме жалбените наводи пред Апелациониот суд во Скопје – вели за „Фокус“, Звонко Давидовиќ, адвокат на еден од обвинетите.

Највисока затворска казна доби поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков или 18 години, додека најниска, седум години доби членот на собраниското обезбедување Абдулфета Алими.

Поврзани новости