Георгиевски: Мицкоски го наследил генот на Груевски!

by fokus

Лидерот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски, на својот фејсбук профил упати критики кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочувајќи дека го наследил истиот ген на екс-премиерот Никола Груевски.

„За жал морам да кажам дека новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ господинот Мицкоски го наследил генот за фалсификување од својот претходник претседателот Никола Груевски.

Фалсификатите на господинот Груевски направија од Македонците карикатури во светски рамки. За неинформираните само да потсетам дека Драган Богдановски воопшто не беше во салата на 17 јуни а во целата кампања 90-та година се појави точно пет пати со по пет минути говор.

Мицкоски, Груевски и таквите како нив во раководството на ВМРО-ДПМНЕ се одроди од вмровската идеологија.

Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ направи СК Движење за Југославија а Мицкоски за жал е на добар пат да ја зацврсти таа идеологија“, истакна Георгиевски.

 

Поврзани новости