Вархеји до Силјановска Давкова: Да ги забрзаме реформите за придвижување на пристапните преговори

by Fokus

Еврокомесарот за проширување и соседска политика – Оливер Вархеји и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на вчерашните претседателски избори.

– Честитки за новата претседателка на Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори – напиша Вархеји во честитката на X.

Силјановска Давкова во одговор на објавата му се заблагодари на Вархеји на честитката, изразувајќи подготвеност за соработка во остварување на „најважниот македонски стратешки проект“.

– Ви благодарам многу, господине комесар Оливер Вархеји! Како еден од основачите на Европското движење во Македонија и поранешна Југославија, со нетрпение очекувам да работам со Европската комисија за го завршиме најважниот македонски стратешки проект – истакна Силјановска Давкова.

 

Поврзани новости