Орбан со платена реклама бара Србија да влезе во ЕУ

by fokus

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со платена реклама во хрватскиот „Вечерни лист“ објави текст насловен „За иднината на ЕУ“ во кој се наведени седум предлози од Унгарија.

„Ние велиме „не“ на европската империја“, се вели во огласот во кој унгарската влада порачува дека во Брисел се гради супер-држава за која никој не дал овластувања, дека мора да се врати европската демократија и да се зголеми улогата на националните парламенти.

Воедно, тој критикува дека одлуките ги носат меѓународните невладини организации, а не избраните лидери, и воедно предупредува дека следната деценија ќе биде период со предизвици – масовни миграции и пандемии и дека мора да се заштитат луѓето во Европа.

Во последната точка од огласот се вели дека Србија треба да стане дел од ЕУ.

Поврзани новости