Данаиловски: Епидемиската приказна најверојатно ќе заврши на пролет, ако не се појави нова варијанта

by fokus

Епидемиологот Драган Даниловски во вестите на Канал 5 изјави дека поради студеното време и затворените простории ќе има зголемување на бројот на позитивни од Ковид-19, но не очекува дека тоа ќе создаде нов остар бран.

– Ќе се соочиме со едно покачување на бројот на новите случаи, но не мислам дека епидемиската крива ќе биде во облик на шилец, туку тоа ќе биде една крива која што ќе има едно зарамнето плато со не многу висока амплитуда. Ако се биде како што треба и не се појави некоја нова варијанта, целата епидемиска приказна ќе заврши најверојатно со настапување на пролетта, рече Данаиловски.

Според поранешниот министер за здравство, со грипот секоја година ќе има и сезона на корона, но вирусот ќе ја загуби силата.

Поврзани новости