Прво дезинфекција на прстот, па давање отпечаток на гласачкото место

by fokus

Граѓаните на утрешното гласање пред да го постават прстот за уредот за отпечаток, прво ќе треба да го дезинфицираат. Исто така, после секое гласање ќе треба да се дезинфицираат и пенкалата.

Задолжително е и носење на маски на гласачките места. Како друга мерка за спречување на корона вирусот во местата каде што ќе гласаат граѓаните е и дезинфекција на училниците, процес што беше спроведен синоќа. По завршувањето на изборниот процес, училишните простории ќе треба да бидат дезинфицирани од општините за да биде безбеден наставниот процес.

Поврзани новости