Дали Груевски му се извинил на Џафери?

by Фокус

Во рамки на една тензична собраниска седница, дојде до конфликт меѓу тогашниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и спикерот Талат Џафери, при што Груевски му истури вода на Џафери.

За ова, како што рече вчера актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Груевски му се извинил на Џафери преку курирот преку кој, според него, го пратил УСБ стикот со измените на Кривичниот законик.

-Џафери рекол – добро, не е проблем, не ме истури со киселина, со вода ме истури – изјави Мицкоски на ТВ 21, додавајќи дека очекува Џафери да каже дека не е точно.

Телевизијата побарала став од кабинетот на Џафери, кој, како што рекле, не коментира изјави кои се дадени во емисии.

Претходно, Џафери негираше дека добил УСБ како што тврди Мицкоски.

Поврзани новости