Дачиќ распиша референдум за промена на Уставот на Србија

by Fokus

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, распиша референдум за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија за 16 јануари 2022 година.

Претходно пратениците го усвоија предлогот за промена на Уставот и распишување референдум.

-Ја имам честа да ја потпишам одлуката за референдум што ќе се одржи на 16 јануари од 7 до 20 часот, а прашањето ќе биде „дали сте за потврдување на актот за промена на Уставот на Република Србија, изјави Дачиќ по потпишувањето на документот.

Поврзани новости