Чулев: За 44,6% е зголемено семејното насилство во април и мај

by fokus

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешната прес конференција истакна дека МВР регистрира зголемување на бројот на поплаките за извршено семејно насилство.

Чулев прецизираше дека дека бројот на поплаките е зголемен за 44,6 проценти во однос на истиот период лани.

-Од 12 април до 12 мај до МВР се поднесени пријави за 85 кривични дела во врска со семејно насилство, а најмногу се од СВР Охрид, СВР Скопје и Струмица. Има констатирано 373 поплаки од граѓаните за семејно насилство што е зголемување од 44,6 отсто во однос на истиот период лани, рече Чулев.

Тој ги повика жртвите на семејно насилство да го пријават насилството.

Поврзани новости