Адвокатите на осудените во „27 април“ побараа изземање на тројца судии кои треба да решаваат по жалбата

by fokus

Денеска во Апелациониот суд се оддржува јавна седница по првостепената пресуда за „27 април“, со која 16 обвинети беа осудени на вкупно 211 години затвор.

Освен Митко Чавков, Александар Василевски-Нинџа, Игор Југ, Горан Ангеловски-Ќосето и другите осудени, кои беа спроведени од затворите, во судот се појави и Игор Дурловски, кој доби ослободителна пресуда, но обвинителството ја обжали, пренесе „360 степени“.

На почетокот на седницата, адвокатите побараа иземање на тројцата судии Јани Нича, Тања Дуковска и Енвер Беџети, бидејќи одлучувале за притворите и амнестијата, додека случајот се водеше пред првостепениот суд.

Судот даде пауза од 40-ина минути за да се одлучи за ваквите барања.

Поврзани новости