Полицијата ќе контролира дали во кафаните се седи на растојание

by fokus

МВР ќе спроведува зајакнати контроли за да утврди дали се почитуваат владините мерки за превенција од ширење на вирусот Ковид-19, најави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешната прес конференција.

Како што кажа Чулев, контролите посебно ќе се спроведуваат во угостителските објекти, кои, како што е најавено, ќе почнат со работа од утре.

Мерките на кои ќе се внимава се однесуваат на употреба на средствата за лична заштита, како и на одржувањето на пропишаното социјално растојание во угостителските објекти.

Поврзани новости