Чулев: Хеликоптерот се превртел при тренажен лет

by fokus

За паднатиот хеликоптер на МВР, информираше и техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 се превртел. Во него биле пет лица, а кај едно лице се утврдени лесни телесни повреди.

Согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет.

Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за воздухопловство ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот.

Жалам за незгодата, но позитивна вест е фактот дека во истата нема жртви или повредени со потешки повреди, напиша Чулев на фејсбук.

Поврзани новости