Четврти ден изборна кампања: СДСМ во Кичево, ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, ДУИ во Гостивар

by Frosina Fakova

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремните парламентарни избори на 15 јули, денеска продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен, преку социјалните мережи и традиционалните медиуми.

На четвртиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во скопски Центар и во Кичево, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани во Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Кочани.

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери, денеска во Гостивар заедно со кандидатите за пратеници ќе ја презентира иницијативата за еднаква економија во приватниот сектор, а предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде присутен во Прилеп, Гевгелија и Струмица.

Партиите во текот на вчерашниот ден ги упатија пораките до граѓаните и побараа поддршка на претстојните избори.

Поврзани новости