Четири од лајковите за претседател и се од САД, Ванковска се амбицира и за Белата ќука?

by lali

Професорката Билјана Ванковска најверојатно нема да се задоволи со кандидатура за претседател на Република Македонија затоа што четири од седумте кликови со поддршка се од САД, покажа Гугл аналитикс. Оваа широка поддршка меѓу граѓаните на најмоќната демократија во светот, најверојатно дојдени директно од влијателната македонска дијаспора во Америка, ги зголемија нејзините амбиции.

– Ако бидам избрана за претседател на САД ќе ја сменам комплетно политиката кон ЕУ, Балканот и Македонија. Како пацифист, ќе направам се САД да излезат од НАТО и уште од првиот ден на мојот мандат ќе почнам со собирање на лајкови за да ми биде доделена Нобелова награда за мир – изјави за својот фејсбук-профил скромната професорка од Македонија, сосема свесна за огромната поддршка и симпатии што ги ужива секаде во светот.

Поврзани новости