750
Владата на Република Македонија на чело со премиерот Никола Груевски им ја честита на граѓаните новата Скопје 2014 година. Премиерот во необично краткото обраќање до нацијата порача дека Македонија продолжува да чекори напред.
– Вечерва кога ја празнувате најлудата ноќ, имајте предвид дека некој работи 24/7 да ви ја направи најлуда секоја ноќ. И не само ноќите. Работиме напорно без запирање за секоја недела, секој месец, секоја година да ви биде најлуда. Многумина можеби сметаат дека 2014 и се што таа ни носи е врв на лудилото, но сите што живеат со таква заблуда едноставно не потцениле – оптимистички заклучи премиерот опкружен со свитата во владината новогодишна честитка.