Не случајно Македонија е мека за странски туристи, чиј број од ден на ден е се поголем и помолем. Се потврди уште еднаш дека ние Македонците сме способни дури и од нашите интерни проблеми во државата да направиме фантастична туристичка атракција. Ај што од гомната во Вардар направивме водоскок, ај што на канализациски слив поставивме галии со ресторани, сега и од меѓуетничките тензии ќе направиме шоу за туристи.
Имено, македонските власти одлучија да го искористат фактот што споменикот на цар Душан мора да се чува 24 часа дневно за да не го тепаат Албанци и да им овозможат на туристите несекојдневна фотографија, а истовремено да и нанесат штети на туристичка Грција – двајца војници слични на евзоните од пред грчкиот парламент ќе даваат стража пред споменикот дење-ноќе.
Во што се состои заебот за Грција? Многу просто, нашите “евзони” ќе бидат во полна борбена опрема, за разлика од грчките на кои најопасно оружје им е опинок со пуфла. Истовремено, во Скопје туристите со поквалитетна фотографска опрема ќе може да се сликаат и со снајперистите поставени на покривите од соседните објекти од “Скопје 2014” поради опасноста Ермира Мехмети да ги бутне гардистите сосе споменикот во Вардар