Бун: Франција не бара ништо, туку Северна Македонија сака да се приклучи во ЕУ

by Fokus

Државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Лоранс Бун, која е дел од „Вајмарската тројка“, која денес е во посета на Македонија рече дека сака што поскоро да ја види Северна Македонија во европското семејство. Според неа по уставните измени, нови барања нема да има, уверува Бун.

„Во оваа фаза сакам да кажам дека дискусијата околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија. Автоматски, Северна Македонија ќе се најде на патеката на пристапување потоа, нема никакви дополителни барања од ниту една друга земја. Но, има барање за ревизија на Уставот да се заврши тоа секако и потоа автоматски Северна Македонија ќе влезе во следната фаза на процесот на пристапување“,  рече Бун.

На новинарско прашање дали е свесна дека Франција со своите политики од 2019 година е директно виновна за незавидната позиција во која се наоѓа земјава, Бун одговори дека француското претседателство придонело за подобрување на состојбата.

„Не бара Франција ништо, туку Северна Македонија сака да се приклучи кон Унијата. Имаше Договор меѓу Северна Македонија и ЕУ и тоа всушност овозможи повторно да се отвори пратот за европската интеграција. И да ве потсетам дека бевте блокирани над 15 години. Исто така, се заштитуваат најчувствителните прашања околу националниот идентитет и веќе видовте дека сега сè е прифатено во врска со тоа. Беше потпишан договор за соработка со Фронтекс по години закоченост и македонскиот јазик ќе биде службен јазик во ЕУ. И ако сакате да упатите на методологијата, промените беа направени и осмислени токму за да се олесни и да се забрза пристапувањето и да се намали фрустрацијата на патот кон ЕУ“, одговори Бун.

Поврзани новости