535
Незадоволниците во ДУИ, за кое вчера и писмено се произнесоа наведувајќи го Артан Груби како една од клучните причини што ДУИ губи гласови, истакнувајќи го за пример поразот во Тетово, и предизвикаа сериозна поделба во партијата, вчера добиле понуда – главата на Бујар Османи и нивен човек на негово место за примерје во партијата, наведуваат извори за ТВ 21.
Понудата била испратена преку посредник, министер во Владата, но била одбиена од т.н. Огнена група, чии членови навеле дека проблемот во партијата е Артан Груби и целата министерска свита, а не само Бујар Османи.
На чело на групата незадоволници се Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Висат Ганиу и други видни партиски личности.
Понудата очигледно не ги смирува страстите во ДУИ, но дава слика за тоа колку и е важно на партијата местото на Бујар Османи кој го води процесот на обезличување на Македонците во преговорите со Бугарија.